Патрон празник на ООУ„Ѓорче Петров“

Современи научни истражувања ни даваат до знаење дека живописните спомени и сеќавања од минатото ни помагаат полесно да се справиме со предизвиците од  иднината.

Затоа ,нека ова наше ретроспективно видео полно со убави спомени, биде инспирација, токму сега да се посветиме на хуманост,солидарност,добри дела, сочувство,почит,љубов, взаемно помагање и се она што ви го кажува срцето.

На денот на нашиот храбар патрон Ѓорче Петров,полни сме со надеж дека повторно ќе ги сретнеме насмеаните лица, искрените очи и веселиот џагор на нашите ученици –ДЕЦАТА!

Видеото го изработи  Лука Пирковски -IX 2 одд ; со помош на наставничката Еми- музичко.

 

Во видеата учествуваат учениците од прво одделение.

Одделенски наставнички: Зорица Петкова, Даниела Чекова и Елена Ангелова.

Во видеото учествуваат учениците од III одделение.

Одделенски наставнички: Викторија Даниловска, Виолета Стојанова и Стојка Спироска.